Влада: За справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба

Владина седница

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа

“Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба”, се наведува во соопштението од владината седница.