Ким Џонг Ун ја реконструира владата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изврши голема реконструкција на владата, односно во Комисијата за државни работи каде што измени третина од нејзините членови, објавија денеска официјалните севернокорејски медиуми. Внукот на основачот на Народна демократска Република Кореја продолжи да го консолидира своето владеење, откако го наследи неговиот татко Ким Џонг Ил во 2011 година. Тој е претседател на Комисијата за државни работи, од кои пет од вкупно 13-те членови се разрешени. Реконструкцијата беше потврдена вчера од Врховното национално собрание, севернокорејскиот парламент, објави денеска официјалната агенција КЦНА. Комисијата за државни работи е формирана во 2016 година, заменувајќи ја моќната Национална комисија за одбрана, која беше врховно политичко тело.

Јужна Кореја со критики до Северна Кореја за лансирањето ракети

Во посебно соопштение, владата го потврдува континуираниот став на Северна Кореја дека во таа земја нема случај на новиот коронавирус, иако епидемијата што започна во соседна Кина се шири во светот. Пјонгјанг стави во изолација илјадници Севернокорејци и стотици странци, меѓу кои и дипломати, и спроведе големи операции за дезинфекција за да го спречи ширењето на епидемија.