Откажување на долговите на најсиромашните земји?

илустрација

Над 100 глобални организации и добротворни групи побараа откажување на долговите на најсиромашните земји во светот за да им се помогне во справувањето сопандемијата на коронавирус. Барањето е испратено до владите на Г20, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во него се бараат мерки за откажување на исплатите на долгот во 2020 година и процес за намалување на должничкото оптоварување преку целокупно откажување на долгот во наредните години.

Г20 најави пет билиони долари за справување со кризата предизвикана од Ковид19

„Земјите во развој се погодени од невиден економски шок, а во исто време се соочуваат со итна здравствена итна состојба“, изјави Сара-Џејн Клифтон, директорка на кампањата „Јубилеен долг”. Кампањата апелира на итно откажување на долговите на 69 сиромашни земји за остатокот од годината, вклучително и на приватните доверители.