Унгарскиот парламент му одобри вонредна моќ на Орбан

Архивска фотографија- премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Унгарскиот парламент денеска изгласа да му овозможи на премиерот Виктор Орбан да владее со декрет во обид да ги намали последиците од пандемијата на коронавирусот. Парламентот во кој доминираат пратениците од национал-конзревативната партија на Орбан, Фидес, го изгласа законот со кој му се даваа вонредни обврски со 137 гласа „за“ и 53 против.

Унгарија е една од многуте европски земји во кои е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот со што им се овозможува на властите да преземаат активности без неопходните процедури. Но, унгарските парламентарци му дадода на Орбан вонредни можности без временско ограничување со што и ако парламентот одлучи да ја укине вонредната ситуацијата, владата може да си ја задржи зголемената моќ. Ова предизвика загрижување во Европската унија која и претходно го обвинуваше Орбан за автократско владеење.

Обединетите нации исто така реагираа и пред законот да биде донесен наведувајќи дека изгледа како да и се дава на владата практично неограничена моќ да владее со декрет и да го исклучи парламентот без наведен конкретен рок до кога тоа ќе трае. Инаку Орбан беше премиер од 1998 до 2002 година и потоа повторно дојде на власт пред десет години.