Достапни линкови

Орбан смета дека имиграцијата и коронавирусот одат заедно


Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека постои врска меѓу миграцијата и коронавирусот, „кој го донесоа странци и сега се шири меѓу нив“.

„Јасно е дека болеста главно ја донесоа странци и дека таа сега се шири меѓу нив“, рече националистичкиот лидер во неделното интервју на унгарското радио.

Во Унгарија има 19 случаи на коронавирус, а повеќе од половина од заразените се Иранци кои добиле стипендии од унгарската влада.

Орбан го оправда затворањето на универзитетот со присуството на „голем број странци“.

„Водиме битка на два фронта, против миграцијата и против коронавирусто, кои се поврзани зашто и едното и другото се шири со движење“, рече Орбан.

XS
SM
MD
LG