Русија ги затвора границите поради коронавирусот

илустрација

Русија од денеска „привремено“ ќе ги затвори своите граници, за да го спречи ширењето на новиот коронавирус, е соопштено на владината веб-страница. Мерката нема да се однесува на руските дипломати и возачите на товарни камиони. Во меѓувреме и властите во Москва за денеска најавија построги рестрикции на жителите.

„Не ги бакнувајте иконите и крстот“

Градоначалникот Сергеј Собијан изјави дека ќе им биде дозволено само да излегуваат да купуваат храна или лекови во нивната најблиска продавница. Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија надмина 1.500, со 270 нови случаи во изминатите 24 часа, соопштија здравствените власти. Досега се регистрирани осум смртни случаи.