Трамп разговарал со кинескиот претседател Си за коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека детално разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата на коронавирус, во која досега на глобално ниво починаа повеќе од 24.000 луѓе „Кина разви силно разбирање за вирусот“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи: „Тесно соработуваме“.

Трамп: отворање на економијата во наредните недели, а не месеци

Кинеската државна телевизија исто така извести дека двајцата шефови на држави разговарале преку телефон и оти Си му рекол на Трамп дека Кина е транспарентна во врска со пандемијата. Претходно Трамп изјави дека нема да го откаже Републиканската национална конвенција во август во Шарлот, Северна Каролина, поради коронавирусот.„Мислам дека ќе бидеме во одлична форма многу порано“, рече тој.