Достапни линкови

Трамп: отворање на економијата во наредните недели, а не месеци


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека економијата на земјата, која практично престана по донесените мерки за борба против коронавирусот, би можела да започне одново во наредните недели, а не месеци. Трамп на синоќешниот брифинг во Белата куќа рече дека научените лекции од борбата против вирусот во последните неколку недели ќе и овозможат на земјата да се отвори додека продолжува превенцијата.

Трамп: одлука за коронавирусот на крајот од тековниот 15-дневен план

Трамп претходно изјави дека е можно САД да не се вратат во нормала до јули или август. Скоро третина од Американците се под некаква изолација. Државите Вашингтон, Мичиген и Њу Мексико се последни што наредија луѓето да останат дома, а гувернерот на Калифорнија ги заостри ограничувањата.

XS
SM
MD
LG