Димитров очекува годинава старт на преговорите со ЕУ

Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитровизјави дека очекува годинава да почнат претпристапните преговори со Европската унија.

“Јас мислам дека е чесно да се очекува ние да почнеме оваа година пристапни преговори со првата меѓувладина конференција. Ако успее комисијата да го направи тоа во јуни веднаш потоа ќе ги почнеме, меѓутоа непредвидливоста со коронавирусот влијае и кај и во ЕУ. Важно е дека големата барикада е зад нас и дека ние се пробивме”.

Преговорите со ЕУ на дофат, но најпрвин да се победи коронавирусот

Според него, одлуката за почеток на преговори што вчера ја донесе министерскиот совет на ЕУ е сериозна добра вест.

“Сега ние не можеме да ја примиме како што треба, бидејќи имаме поголема грижа, меѓутоа ќе се справиме со неа, а ова е еден процес што ни гарантира европска индина и конечно да се натпреваруваме со другите држави во реформските процеси”, изјави Димитров, наведувајќи дека Македонија ќе добие 69 милиони евра од ЕУ за справување со состојбата со коронавирусот.