Кина ги укинува ограничувањата за движење во Хубеи

илустрација

Во кинеската покраина Хубеи каде што прв пат беше забележана појавата на новиот коронавирус од утре ќе бидат укинати ограничувањата за движење. Во градот Вухан пак тоа ќе биде направено на 8 април, по повеќе од два месеца изолација. Кина забрани влез и излез од Вухан на 23 јануари и ја прошири изолацијата во поголемиот дел од покраината во наредните денови.

И денеска ниту еден случај на коронавирус во Вухан

Во Хубеи не се забележани скоро никакви нови инфекции повеќе од една недела. Но, додека драстичните ограничувања доведоа до спречување на локалното пренесување на коронавирусот, сега постојат стравувања од втор бран на инфекции од странство. Кина на 24 март пријави 78 нови случаи на КОВИД-19 повеќето донесено од надвор од земјата.