Правни експерти дискутираа за одложување на изборите кај Пендаровски

Вила Водно – резиденција на претседателот на Република Македонија

Вечерва во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се одржa средба на експерти по право и уставно право по барање на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба претходно во текот на денов, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

„На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Северна Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

На средбата биле присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.