Москва забрани масовни јавни собири

Медицински лица ги проверуваат патниците на аеродром во Москва дали имаат симптоми на коронавирус

Локалните власти во Москва забранија масовни јавни настани од над 5.000 луѓе со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Забраната ќе трае еден месец, односно до 10 април. Таквата одлука доаѓа откако Државната Дума, го одобри уставниот амандман со кој ќе му се дозволи на претседателот Владимир Путин да се кандидира за нов мандат во 2024 година, чекор којшто може да ја предизвика опозицијата да излезе на протести.

Путин прифаќа измени на Уставот за да може пак да се кандидира за претседател

Уставот сега му дозволува на претседателот да има само два последователни шестгодишни мандати.