Турција праќа илјада специјалци на границата со Грција

Турција- министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу

Турција распоредува 1.000 специјалци од полицијата долж границата со Грција денеска во обид да го спречи враќањето на мигрантите кон нејзината територија. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и додаде дека 164 мигранти биле повредени од грчките власти.

„Тие повредија 164 лица. Се обидоа да вратат назад во Турција 4.900 луѓе“, изјави Сојлу во северозападната погранична провинција Едирне.

Вчера грчките безбедносни сили употребија сила за да ги спречат мигрантите да влезат во земјата. Мигрантите и турските власти, пак, ги обвинија грчките власти дека пукале кон мигрантите и убиле најмалку еден, а повеќе повредиле. Официјална Атина ги нарече обвинувањата лажни вести.