Достапни линкови

Мирно, но тензично на грчко-турската граница


Архивска фотографија- мигранти во близина на грчко-турската граница

Атмосферата на грчко- турската граница кај селото Кастаниес денеска е мирна, но тензична, ден откако грчките безбедносни сили употребија сила за да ги спречат мигрантите да влезат во земјата. Како што јавува германската агенција ДПА ,се уште има луѓе кои се собираат пред оградата поставена по граничната линија.

Во средата мигрантите и турските власти ги обвинија грчките власти дека пукале кон мигрантите и убиле најмалку еден, а повеќе повредиле. Официјална Атина ги нарече обвинувањата лажни вести.

Мигрантите масовно се упатија кон турскиот граничен премин Пазаркуле по одлуката на Анкара да не ги спречува мигрантите кои се на нејзина територија да стигнат до Грција и преку неа до други членки на Европската унија. Официјална Атина,пак, вели дека е решена да ги брани своите граници, а челниците од Европската унија, кои неделава ја посетија грчко-турската граница, и дадоа поддршка на владата на Кирјакос Мицотакиси ветија конкретна помош.

XS
SM
MD
LG