Димитров: Предвидливост и кредибилитет во новата методологијата

Архивска фотографија- Министерот Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес.

„Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: во отворање на преговорите во рамките на усовршен пристапен процес“, наведува Димитров.

Земјите во регионот, посочува шефот на дипломатијата, нема од што да се плашат од воведувањето на реверзибилноста.

„Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион“, истакнува Димитров.

Денеска во Брисел Европската комисија ја презентираше новата методологија за пристапни преговори за зачленување во ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, нагласи дека предлогот е „добра порака“ за Северна Македонија и Албанија.

Меѓудругото со новата методологија која ја презентираше Европската комисија се овозможува запирање или враќање во пристапните преговори во случаи кога земјите кандидати не напредуваат во кое било поле кое е опфатено во пристапниот процес.