Мицкоски: Забелешките на експертите да се внесат во законот за ЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Радовиш изјави дека опозициската партија не доставила амандмани за законот за јавно обвинителство, бидејќи во него треба да се внесат забелешките од експертите дадени на дводневната јавна расправа во Собранието.

„Кажаа што мисли фелата, екпсертската јавност, како треба еден реформски закон да изгледа и што не е во согласност со Уставот. Ниту Зоран Заев, ниту Рената Дескоска се секунданти, ниту луѓе коишто поднесуваат ултиматуми, ниту пак ние сме луѓе коишто ултиматуми прифаќаат. Така што, сите оние експертски забелешки што можеше да ги слушне министерката Дескоска, господинот Зоран Заев можат едноставно преку институциите, коишто ги владеат, а тоа е предлагачот, во овој случај Министерството за правда, да ги преточат во амандмани, во содржина на законско решение и истото тоа законско решение да го поднесат во рамките на процедурите на Парламентот и ние како ВМРО- ДПМНЕ ќе ги поддржиме“, рече Мицкоски.

Средба за законот за ЈО- се чекаат амандмани од партиите

До денеска напладне политичките партии кои имаат забелешки на законот требаше да поднесат амадмани.