Достапни линкови

Средба за законот за ЈО- се чекаат амандмани од партиите


Архивска фотографија- Рената Дескоска и Антонијо Милошоски

Утре до 12 часот политичките партии да поднесат амандмани, а потоа најверојатно до понеделник ќе биде одржана нова средба, на која ќе се разговара кои од амандманите ќе бидат прифатени. Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска по завршување на денешната средба на работната група на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, на која присуствуваа претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Дескоска рече дека ВМРО-ДПМНЕ на средбата не дале амандмани, туку прочитале забелешки од различни ескперти што произлегоа од јавната расправа.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски предлага Министерството за правда да ги повика правните експерти кои дале мислење на расправата за законот и со нив да изготват амандмани. Тој рече дека се подготвени за нови средби. ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави по средбата Милошоски, нема намера да изигрува експерт и затоа предност им дава на правните експерти. Смета дека амандман подготвен од експерти е подобар од амандман подготвен од политичка партија.

Денешната средба следува по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки. Министерството за правда најави дека дел од нив ќе бидат вградени во предложеното законско решение кое треба да се најдат на собраниска седница доколку политичките партии денеска ги усогласат ставовите.

XS
SM
MD
LG