Макрадули: забрана на отпадот не е решение

Архивска фотографија- Заменик министер за екологија Јани Макрадули

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули денеска рече дека се анализира отпадот од камионите запрени на граничниот премин „Богородица“.

„Камионите нема да се пропуштаат додека не стигнат анализите. И пред два-три месеца кога имаше контроли, не беа најдени неправилности. Но, во интерес на смирување и во општ инетерес на здравјето на граѓаните, ние сакаме да покажеме сигурност и капацитет на функционирањето на институциите“, рече Макрадули.

Министерството за животна средина вчера соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ се сопрени 11 камиони со гориво од отпад, кои биле наменети за Цементарница „Усје“ и дека се прави анализа.

Во врска со за утре најавениот протест на повеќе невладини организации кои бараат комплетно да се стопира увозот на отпад во земјава, па и оној за согорување, Макрадули смета дека вистинското решение не е со забрана, туку со регулирање и мониторинг.