Градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш призна вина и доби опомена

Архивска фотографија- Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска на судењето за нападот врз Демир Исмаил призна вина и рече дека жали за стореното. Откако ја призна вината, судијата му изрече казна “судска опомена”.

Демир Исмаил, кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, тврди дека Дудуш го нападнал на ромскиот бал. По судењето тој рече дека ќе барал и оштета која ќе ја донира во хуманитарни цели.

Инаку минатата година се појави аудио снимка за која се тврдеше декасе слуша гласот на Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа. Потоа обвинителството најави дека ќе го истражува случајот по добиена пријава од Министерството за внатрешни работи.