ВМРО-ДПМНЕ - Рекет предвреме се затвора за да се скријат вистинските рекетари

Седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение реагираа дека затворањето на истрагата „Рекет“ има цел да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари.

„Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека обвинителката Вилма Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари. Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики, Фрики,Шеки, Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај Рекет“, стои во соопштението од опозициската партија.

Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршиле истрагата за осомничените во случајот „Рекет“.