Стефановиќ: Протести се дозволени, но без упади и блокади

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во пресрет на утрешните саботни протести „Еден од пет милиони“, денеска изјави дека секој има право мирно да протестира во Белград и низ цела Србија, но дека полицијата никому нема да дозволи блокади на автопатите или нови упади во телевизиите.

Тој додаде дека полицијата ќе има „адекватен број“ на луѓе, за да ги спроведе потребните безбедносни мерки.

Стефановиќ ги повика полицајците да реагираат и секому кој ќе ги нападне „веднаш да им стават лисици на рацете и да ги однесат пред обвинител“.


Во текот на минатиот викенд поради учество во антивладините протести беа уапсени 18 лица.