ММФ најголем оптимист за економскиот раст на Македонија

Илустрација

Меѓународниот монетарен фонд ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 3,2 на 1,9 отсто.

За следната година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2019 година од 3,4 проценти.

Европската комисија предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто, а за догодина предвидува раст од 2,7 отсто.

НБРМ, пак, очекува растот на БДП годинава да биде само 0,5 отсто, додека Министерството за финансии очекува економски раст од 1,6 отсто.

И НБРМ и Министерството за финансии очекуваат економски раст во 2018 година од 3,2 отсто.