Достапни линкови

Европската комисија поголем оптимист за економскиот раст од македонските институции


Свечена седница по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври. Министерот за финансии Драган Тевдовски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора, Коста Митровски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески

Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.

Во извештајот се вели дека економските движења и инвестициите во првото полугодие се намалиле поради продолжената политичка криза, но, како што се наведува, со новата Влада која дојде во јуни и која најавува дека е посветена на спроведување структурни и фискални реформи и поддршка на домашната побарувачка и вработувањата, се очекува интересот на инвеститорите да се врати, а економската активност да зајакне.

За наредната година ЕК прогнозира раст на македонскиот БДП од 2,7, а во 2019 година од 3,2 отсто. Се предвидува и натамошен раст на вработувањето и намалување на стапката на невработеност.

НБРМ, пак, очекува растот на БДП годинава да биде само 0,5 отсто, додека Министерството за финансии очекува економски раст од 1,6 отсто. Во проценките за догодина, пак, македонските институции се поголеми оптимисти од ЕК. И НБРМ и Министерството за финансии очекуваат економски раст во 2018 година од 3,2 отсто.

XS
SM
MD
LG