Скопјани бараат закон против аерозагадувањето

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Околу 300 луѓе се собраа на фонтаната во Градскиот Парк во Скопје на протест против загадениот воздух. Говореа граѓани, активисти и експерти, а некои од пораките беа дека треба да биде прогласена вонредна состојба во периодот од годината кога има високи концентрации на загадувачи во воздухот.