Достапни линкови

Екологистите против изградба на термоелектрани на јаглен


Загаден воздух

Екологистите се дополнително загрижени дека ЕЛЕМ разгледуваат опции за изградба на нови електроцентрали, стравувајќи дека приоритени се изградби на термолектрани на јаглен. 85 до 90 проценти од емисиите на сулфур диксид во Македонија доаѓаат од термолектраните во Битола и Осломеј.

Екологистите се дополнително загрижени од соопштението на ЕЛЕМ дека се разгледуваат сите опции за изградба на нови електроцентрали, стравувајќи дека приоритени се изградбите на термолектрани на јаглен. Според официјални показателите 85 до 90 проценти од емисиите на сулфур диксид во Македонија доаѓаат од термолектраните во Битола и Осломеј, а чадот од нив се поврзува со високиот процент на предвремена смрттност кај луѓето со хронични болести на белите дробови и на срцето. Невена Смилевска од Еко свест предупредува дека ако се направат три или уште четири термоелектрани нико нема да се намали загадувањето на воздухот во Македонија, како што декларативно за залагаат надлежните, туку и натаму ќе се зголемува.

„Дури и најдобро усогласената термоелектрана со највисоките стандарди за зачувување на животната средина значително загадува. Во секој случај секоја термоелектрана ќе загадува“

Вели Невена Смилевска од Еко свест

Екологистите порачуваат дека Македонија дека треба што помалку да користи јаглен како енергенс за да го унапреди здравјето на граѓаните. Според нив цената од загадувањето од електраните на јаглен се пресметува преку трошоците за болничко лекување на луѓето со респираторни и кардиоваскуларни болести и новите случаи на заболени од бронхитис. Како што оценуваат екологистите комбинацијата од загадувањето на воздухот од јагленот и оној од индустријата, сообраќајот и домаќинставта неповолно делува на здравјето на луѓето во земјата. Од Еко свест потенцираат дека пред се треба да се искориси потенцијалот за енергетска ефикасност и со тоа да се намали побарувачката на електрична енергија.

„Според она што го прочитавме во медиумите од соопштението на ЕЛЕМ индикативно е дека приоритени се плановите за електрани на јаглен и дека се разгледуваат неколу термолектрани на гас. Во ред е да се прават студии, но не беше споменато во соопштението дека ЕЛЕМ има намера да прави поинтензивни испитувања на сончевиот потенцијал или на ветерниот потенцијал“

вели Смилевска. Екологистите велат дека исто така мит е дека јагленот е најефтин енергенс. Од Еко свест порачуваат дека Македонија има извори на домашен јаглен за уште триесет години и се чудат зошто да увезуваме јаглен кога имаме потенцијали за обновливи извори на енергија пред се од сончева енергија и од енергија на ветер.

Од ЕЛЕМ велат дека дека истражува се што може да биде потенцијален извор за изградба на нови домашни електроенергетски капацитети. Како што најавуваат во тек е изработка на неколку студии, и оти на крајот на годината треба да има првични поконкретни показатели што е најисплатливо да се гради, а кое нема да го загрози комфорот на граѓаните.

Според нивните најави, истовремено, се подготвуваат платформи за изработка на студии кои треба да ги покажат оптималните и исплатливи решенија за изградба на нови капацитети за обновлива енергија и за можностите за дополнително искористување на водите, ветерот и сонцето.

Се разгледуваат можностите за изградба на нови или адаптација на постојните термоелектрани на битуменозен јаглен по исцрпувањето на јагленовите наоѓалишта во Република Македонија. Тие би се граделе или адаптирале според најстрогите постојни регулативи за заштита на животната средина За сите понатамошни чекори, по изработката на студиите за термоенергетски постројки, АД ЕЛЕМ ќе се консултира со јавноста и нема да дозволи нарушување на комодитетот на граѓаните, велат од компанијата.

Од таму додаваат и дека се согледуваат и алтернативите за изградба на когенеративни електрани кои ќе го користат гасот како погонски енергенс, со можност за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија.

Инаку, загадениот воздух викендов достигна алрамантни вредности, а граѓаните во некои населби дишеа ПМ 10 честоки кои беа 20 пати повеќе од дозволените граници

И во последниот извештај што го изработи Институтот за јавно здравје се предупредува дека во Македонија загадувањето е десетици пати поголемо над дозволениот лимит и далеку над пропишаниот од Светската Здравствена Организација.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG