Камион влета на божиќен базар во Берлин - девет загинати, десетици повредени

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Камион влета на божиќен пазар во Берлин - има мртви и ранети

Најмалку девет луѓе загинаа, а педесетина се повредени, откако камион вечерва влета во преполн божиќен базар во Берлин, информираат тамошните власти. Весникот Берлинер цајтунг објави дека камионот излегол од патот и влетал на базарот во близина на Спомен-црквата на царот Вилхелм во западен Берлин. Сè уште не е јасно дали се работи за несреќа или за напад, но полициски извори за германската новинска агенција ДПА изјавиле дека го третираат инцидентот како напад. Едниот од напаѓачите е мртов, а другиот е уапсен.

На местото на настанот се забележуваат многу растурени тезги и голем број полициски возила, како и полицајци со автоматски пушки.

На многу од германските новогодишни базари имаше засилено полициско обезбедување.

Во јули годинава, 86 луѓе загинаа во францускиот град Ница, како терорист со камион влета на преполно шеталиште. Одговорноста за тој напад ја презеде Исламската држава.