Вработените во „Југохром“ протестираат во Скопје

Архивска фотографија - Фабриката Југохром во Јегуновце

Вработените во Комбинатот „Југохром“ од тетовско Јегуновце денеска ја блокираа крстосницата кај Судската палата во Скопје, протиестирајќи против исклучувањето на печките на комбинатот.

Бараат повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус додека не се рестартира фабриката, како и забрзување на изградбата на филтер-станицата.

Најавија дека ќе достават протестно писмо до Инспекторатот за да се повлече мерката за забрана за работа на Комбинатот, во која работат околу 1.000 луѓе.

На 2 ноември „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на октомври.