СДСМ – Решени сме изборите да се случат на 11 декември

Сите делувања на ВМРО-ДПМНЕ се во насока на минирање на изборите закажани за 11 декември. И токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев упати писмо до амбасадорите во кое укажува на намерите на ВМРО-ДПМНЕ за саботирање на претстојните избори, стои во соопштението на СДСМ, кое е реакција на оценката на ВМРО-ДПМНЕ дека лидерот на СДСМ Зоран Заев пратил писма до амбасадорите-гаранти на договорот од Пржино зашто се плаши од избори и зашто бара алиби да ги избегне.

Според опозициската партија, информациите за промена на расположението кај граѓаните кои, како што стои во реакцијата, „од ден на ден се повеќе се противат на погубните политики на обвинетиот Никола Груевски, допираат и до ВМРО-ДПМНЕ“.

„Токму затоа паниката кај ВМРО-ДПМНЕ и Груевски од соочување со граѓаните станува се пооочигледна. Токму затоа прават се за да не се дојде до избори и до понесување одговорност“, пишува во реакцијата на СДСМ.