Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Писмото до амбасадорите е страв на Заев од избори


ВМРО-ДПМНЕ реагира на писмото што лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера го испратил до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино, оценувајќи дека тој тоа го прави бидејќи е исплашен од тоа што, како што стои во дописот,го очекува најголемиот пораз на изборите во декември и почнува да бара алиби повторно да избега и да не се соочи со граѓаните на избори“.

Според владејачката партија, инволвирањето на Уставниот суд од страна на Заев е измислување нов услов за изборите, исто како и условувањето со носењето на буџетот за идната година.

Заев вчера преку писмо ги предупреди амбасадорите на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ „што се во насока на уривање на изборниот процес и натамошно усложнување на политичкиот кризен амбиент во земјава“. Во писмото, како што наведуваат од опозицијата, се истакнува и искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите.

XS
SM
MD
LG