Демонстрантите не стигнаа во Беко на „информативен разговор“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Полициски кордон денеска го блокираше пристапот на демонстрантите од таканаречената „Шарена револуција“ до полициската станица Беко каде требаше да се одржи најавената забава наречена „информативен разговор“. Демонстрантите претходно со два големи чатали ја обоија зградата на Парламентот.