Во Ерменија протести против поскапување на струјата

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во Ерменија протести против поскапување на струјата

Неколку илјади луѓе синоќа излегоа на протест во Ереван, главниот град на Ерменија против покачувањето на цените на струјата.

Демонстрантите беа спречени од специјалните сили со водени топови под образложение дека нивниот протест бил незаконски. Струјата во Ерменија треба да поскапи за 16 отсто. Изутрината специјалците ја растерале толпата од неколку стотици демонстранти, кои над девет часа седеа во близина на претседателската палата.

Демонстрантите инсистираа на тоа дека нивните активности биле мирни и побара претседателот Серж Саркисијан да ја поништи одлуката на државните регулатори да се покачат цените на електричната енергија почнувајќи од 1 август.

Побараа претседателот Серж Саркисијан да ја поништи одлуката на државните регулатори да се покачат цените на електричната енергија почнувајќи од 1 август.

Според сведоци, специјалните сили биле насилни и ги тепале граѓаните. Голем број демонстранти, исто така, беа уапсени и однесени во полициските станици во возила.

Меѓу уапсените имало и новинари, а изложен на насилство бил и снимателот на Радио Слободна Европа.

Високи полициски службеници ги отфрлија жалбите од ерменскиот сервис на РСЕ.

До судирите дојде по неколкудневните протести во близина на плоштадот во Ереван организирани од групата „Не на грабежот“. Во меѓувреме, групи граѓани исто така одржале протести против зголемувањето на цените на електричната енергија на други места во земјата.

Електродистрибуција соопшти дека зголемување на цените на електрична енергија е поврзано со падот на ерменската валута, драм.

Ерменија, поранешна советска република, со 3,2 милиони луѓе, е тешко погодена од економската криза во Русија, која му наштети на извозот, но и на многуте ерменски работници кои работат во Русија.