ВМРО-ДПМНЕ: Заев нека каже за неговата спрега со медиумите

Macedonia - Press conference by Prime Minister Nikola Gruevski.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев јавноста не чула и оти од Заев веројатно никогаш нема да чуе за спрегата на СДСМ со опозициските новинари „дебело финансирани од негов личен џеб и од страна на фондацијата Сорос, како и за групата невладини организации кои гравитираат околу опозицијата кои што во меѓусебна спрега организирано дејствуваат заради реализација на сопствените цели“.

Во соопштението на владејачката партија се вели и дека Зоран Заев е добар извршител на желбата на странските центри, без при тоа ниту еднаш да се запраша каква и колкава штета и нанесува на сопствената држава. Напротив, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, свесен е дека нанесува штета на Македонија и продолжува.

Заев денеска објави шест нови прислушкувани разговори, со кои, како што рече, се покажува директната спрега влада-УБК-медиуми. Тој рече дека власта прислушувала повеќе од 100 новинари и ги уредувала вестите на провладините медиуми. Премиерот Никола Груевски не ја коментираше содржината на објавените снимки, но повтори дека во Македонија прислушувале странски служби.