Достапни линкови

Груевски: Знаеме која странска служба прислушувала


Груевски - Странски служби прислушувале во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:50 0:00

Груевски - Странски служби прислушувале во Македонија

Македонија била таргет на прислушување на разговори од страна на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници од земјава, рече премиерот Груевски.

Во изминатиот период Македонија била таргет на прислушување на разговори од страна на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници од земјава, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Лицето Зоран Заев најпрвин се обидува да изнуди техничка влада користејќи закана дека ќе го објави овој материјал, за подоцна кога уцената ќе се одбие, да ја реализира закaната.
Никола Груевски, премиер.

Македонските соработници, според Груевски тоа го правеле од финансиска корист. Тој не сакаше да открие за која странска разузнавачка служба се работи, бидејќи, како што рече, во тек е истрагата за случајот, по која ќе се донесе одлука.

„Во еден момент некаде кон средината на 2014 година, за овие материјали се информира и лицето Зоран Заев, со цел да бидат објавени во јавноста и да биде исполнета одредена цел на тајната разузнавачка служба која е нарачател и финансиер на оваа операција. Лицето Зоран Заев најпрвин се обидува да изнуди техничка влада користејќи закана дека ќе го објави овој материјал, за подоцна кога уцената ќе се одбие, да ја реализира закaната.“

Со оваа паднаа во вода и сите обвинувања на опозиција дека ние стоиме зад прислушувањето, за што тие всушност немаат ниту еден доказ.
Никола Груевски, премиер.

Според Груевски за комуникацијата помеѓу обвинетите и странската разузнавачка служба од Министерството за внатрешни работи добил уверување оти постојат цврсти докази. Директните извршители, како што порача тој, се уапсени, а за едниот од нив кој во целост го признал делото, судот изрекол казна затвор, а за другите ќе следи судска постапка.

„Со оваа паднаа во вода и сите обвинувања на опозиција дека ние стоиме зад прислушувањето, за што тие всушност немаат ниту еден доказ, ниту еден, тоа им беше само параван за да почнат со објавувањето и јавноста да ги ослободи од некаква одговорност.“

Информациите се дека прислушкувани се главно политички и други јавни личности, а тие сигурно не се 20 илјади.
Никола Груевски, премиер.

Груевски не сакаше да навлегува во веродостојноста на прислушуваните разговори, кои според него се објавуваат на незаконски начин и се дел од постапката. Груевски негираше дека на средбите со лидерот на СДСМ, Зоран Заев прифатил техничка влада пред опозицијата да објави дека над 20 илајди граѓани биле прислушувани. Тој кога се соочил со заканите од Заев, побарал Посебни истражни мерки за негово следење. Груевски не одговори дали некој друг ќе сноси одговорност за прислушувањата.

„Ние засега немаме таква информација, освен она што го говори Заев дека се прислушкувани над 20 илјади граѓани, значи бројката е креирана и кажана само од Зоран Заев, за таков нешто не постои ниту еден веродостоен податок. Од оние информации што ги имам од МВР, а тие ги прибавиле од комуникациите со обвинителството, информациите се дека прислушкувани се главно политички и други јавни личности, а тие сигурно не се 20 илјади“, изјави Груевски.

Опозицијата со ова, вели Груевски, имала план властите да ги направи монструми и нечовечни со цел да го мобилизираат народот и да им поверува на клеветите. Груевски негираше дека ќе има предвремени избори и порача дека прифаќа дијалог во Парламентот, кој е единствен начин за излез од политичката криза.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG