На изборите во БиХ водство на националистите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На изборите во БиХ предност за националистите

Прелиминираните резултати од трката за трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина покажуваат дека во водство се националистите. Вчера во оваа држава покрај членови на заедничкото претседателство се избираа и пратеници, но и лидери на Република Српска и на муслиманско-хрватската федерација.

Централната изборна комисија соопшти дека Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Жељка Цвијановиќ како претставници на Бошњаците, Хрватите и Србите водат во трката за трипартитното претседателство.

Изетбеговиќ за време на кампањата инсистираше на силна обединета држава, Човиќ за создавање хрватски ентитет во Босна, додека Цвијановиќ за расформирање на Босна како држава.

Бакир Изетбеговиќ

Изетбеговиќ, прогласувајќи ја победата, изјави дека неговата партија ќе биде водечка сила во земјата и основа за сите идни коалиции при формирањето влада.

Изетбеговиќ за време на кампањата инсистираше на силна обединета држава, Човиќ за создавање хрватски ентитет во Босна, додека Цвијановиќ за расформирање на Босна како држава.

На изборите на кои граѓаните гласаа и за свои претставници во институциите или за вкупно 518 носители на мандати се гледаше како на клуч за надминување на политичкиот ќорсокак во Босна и Херцеговина.

Само 54 отсто од 3 милиони и 300 илјади луѓе со право на глас излегоа на изборите што е за скоро два проценти помалку од изборите одржани во 2010 година.

На изборите им претходеа насилни граѓански протести во февруари поради корупцијата и сиромаштијата, како и поплави во мај, односно критики до властите дека несоодветно реагирале на катастрофата.

Босна е една од најсиромашните земји во Европа, со невработеност од 44 отсто. Просечната плата е околу 520 долари.

Надежите за членство во Европската унија полека исчезнуваат поради неуспехот да се спроведат неопходните реформи.

Во изборната трката во Република Српска, коалицијата на актуелниот претседател Милорад Додик доминира пред ривалите.

Додик своевремено беше прозападен реформатор, но сега е тврд националист со сепаратистичка агенда и со тесни врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Милорад Додик

Во муслиманско-хрватска федерација пак, се очекува Хрватската демократска заедница да ја продолжи доминацијата со надежи дека наскоро ќе може да ја оствари нејзината идеја за сопствен хрватски ентитет во Босна и Херцеговина.

Меѓу Бошњаците, кои генерално се за поцврста централна влада, трката главно се води меѓу мултиетничката Социјалдемокартска партија и главната бошњачка Странка за демократска акција.

Сегашниот сложен политички систем во Босна и Херцеговина е резултат од уставните измени како дел од Дејтонската мировна спогодба со која заврши војната во таа земја од 1992 до 1995 година.

Премногу децентрализираниот и скап систем постојано го блокира прцесот на носење одлуки што е една од главните пречки за економскиот раст во земјата.