Груевски против Заев - чест, углед и аудио снимки

Никола Груевски и Зоран Заев се појавија на денешното продолжение на судскиот процес во кој Груевски го тужи Заев за клевета околу продажбата на Македонска банка. Груевски вели дека му се повредени честа и угледот. Заев пак тврди дека постапувал според законите. Заев за прв пат објави дека објавената аудио снимка му ја доставил Ден Дончев.

Заев има измислено сценарио на една интензивна, обемна и агресивна медиумска кампања во изнесување на невистини за да му наштети на мојот углед и на честа. Ова го наведе тужителот Никола Груевски во едночасовниот исказ со одговарање на прашањата на денешното рочиште во случајот во кој тој го тужи Заев за клевета и навреда.

Груевски рече дека се работело и за тешка и континуирана повреда на неговиот углед и на честа.

„Не би сакал некој да биде на мое место“, додаде Груевски, кој тврди дека не му било пријатно подолг временски период да ги гледа и да ги слуша, како што рече, тие измислици и за нив да биде прашуван во контактите со познати и непознати лица. Тој рече дека се работело и за тешка и континуирана повреда на неговиот углед и на честа.

Заев пак кој директно му поставуваше прашања не премиерот, за прв пат објави дека објавената аудио снимка во седиштето на партијата му ја доставил поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ден Дончев, кој беше на таа функција во периодот во кој опозицијата тврди дека е направена снимката.

Заев тврдеше дека немал никаква намера да им наштети на честа и на угледот на премиерот, туку дека постапувал според законите како граѓанин, но и како претседател на најголемата опозициска партија.

Адвокатот на Груевски реагираше на речиси секое прашање на Заев, наведувајќи дека е неосновано или дека нема врска со случајот.

Судијката не одговори Груевски да одговори на прашањето – Дали Ден Дончев бил генерален секретар на партијата од мај до септември 2004-та година.

Во својот исказ пак Заев тврдеше дека немал никаква намера да им наштети на честа и на угледот на премиерот, туку дека постапувал според законите како граѓанин, но и како претседател на најголемата опозициска партија, која реагирала за нешто што сметала дека нешто е незаконски и неетички. Инаку Заев го брани судски тим од шест луѓе, а Груевски, адвокатот Никола Додовски. И двајцата денеска стигнаа во судот пред закажаното рочиште, кое почна точно во 9 часот.

Груевски го тужи Заев поради серијата прес-конференции, поврзани со објавената аудио-снимка, на која, како што се посочува, се слушаат гласовите на Јовица Стефановиќ Нини, Ден Дончев и Никола Груевски.

Заев рече дека пред објавувањето на снимката се консултирал, а потоа добил и писмена потврда од српски експерти за автентичноста на снимката.