Достапни линкови

Вербата во судството - урнисана?


И покрај постојаните јавни инсистирања на владините претставници дека судството е независно и дека не треба да се бара политичка одговорност за нивните одлуки и од јавноста, но и од меѓународната заедница, се става под прашање независноста на судовите и општиот квалитет на судството. ​​

Само што почна случајот Груевски против Заев за аферата Македонска банка очекувањата во се дека тој ќе биде исполитизиран. Пресудата за убиството кај Смиљковското езеро пак се уште не е донесена, но не само дел експерти, туку дури и ОБСЕ со писмо ги опомена владините коалициски партнери, Груевски и Ахмети дека таа може да влијае врз меѓуетничките односи.
Мислењето во јавноста е многу важно, очигледно е дека постапувањето е тоа што доведува до такво мислење, не може јавноста да си створи мислење само до себе, ако не постои некаков основ за тоа мислење.
Маргарита Цаца Николовск, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур.


И покрај постојаните јавни инсистирања на владините претставници дека судството е независно и дека не треба да се бара политичка одговорност за нивните одлуки и од јавноста, но и од меѓународната заедница, се става под прашање независноста на судовите и општиот квалитет на судството.


Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска вели дека не сака да дава оцени за овие два актуелни случаи, но се согласува дека во јавноста е урнисана довербата во судските одлуки.

„Мислењето во јавноста е многу важно, очигледно е дека постапувањето е тоа што доведува до такво мислење, не може јавноста да си створи мислење само до себе, ако не постои некаков основ за тоа мислење. Дали се тоа медиумите, дали се тоа искажувањата на другите странски, дали се тоа разговорите, без разлика како и да е, кај јавното мислење постои зошто е тоа така“,
оценува Цаца Николовска.
За конкретни постапки што сега се одвиваат, некои се на крај, некои само што се започнати, на прв поглед може да се забележи појава на присуството на политиката во судската власт, што не смее.
Осман Кадриу, универзитетски професор.


Професор Осман Кадриу пак смета дека впечатокот во јавноста за исполитизираноста на судството се темели врз досегашното искуство.

„За конкретни постапки што сега се одвиваат, некои се на крај, некои само што се започнати, на прв поглед може да се забележи појава на присуството на политиката во судската власт, што не смее, затоа што судовите во секоја држава, па и во нашата, претставуваат посебна инстанца пред која граѓаните ги остваруваат своите права“, вели Кадриу.

Случајот со убиството кај Смиљковското езеро уште од почетокот го следат протести и контроверзии. Дополнително, ситуацијата се политизираше по завршните зборови на обвинителката Гордана Гешковска која убиство директно го поврза со верскиот празник Велигден, националната припадност и верската исповед на убиените. На изјавата остро реагираше и народниот правобранител Иџет Мемети кој оцени дека таа „ги исполнила апетитите на некој друг“.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG