Екологистите без влијание врз центрите на моќ

Премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт Миле Јанакиевски присуствуваа на почетокот на градба на регионален пат за населбата Сончев Град

Граѓаните не се оптимисти дека акциите што ги прават екологистите може да им застанат на пат на зафатите со кои се уништува природата. Досегашните искуства покажуваат дека ретко кога некоја иницијатива завршила со успех.
Деновиве не само естетски што не е убаво од Скопје да се гледа кон Водно, туку многу граѓани се свесни што значи да се исечат толку многу дрвја за градење на новиот пат што се гради кон Сончев град.
Видовме како беше со протестот за паркот карши Рамстор и таму протестираа, па ги избркаа и пак ќе градат зграда.
Анкетиран граѓанин.


Во меѓувреме имаше обиди за спас на шумата во која има најави дека може да се интервенира дополнително и за градење на ски -центар. Но се чини дека битката за Водно доживува пораз бидејќи патот веќе е пресечен. Граѓаните не се оптимисти дека со акциите што ги прават екологистите може да им застанат на пат на зафатите со оглед на досегашните искуства, но дополнуваат дека се разочарани од интервенциите.


„Видовме како беше со протестот за паркот карши Рамстор и таму протестираа, па ги избркаа и пак ќе градат зграда.“
Нашата организација веќе реагираше до одговорите лица да проверат и да се спречи понатамошно уништување или појава на свлечиште кое може во иднина дополнително да влијае.
Методија Саздов, Македонски зелен Центар.


„Јас сум да си остане Водно како што е, да не се прави ништо. Пред некоја недела кога бев на Водно, се собираа таму потписи за да не се градат ски-патеки. Тоа е убаво, јас сум за да се постигне нешто со тие иницијативи.“

„Имаат голема поддршка, собираат и потписи, се надевам дека ќе направат нешто.“

За Водно актуелни се неколку проекти што се случуваат и што се најавени. Не е започната, но е најавена изградба на ски-патека. Екологистите реагираат дека со ски-патека ќе се уништи Водно, а оти тоа ќе биде економски неисплатливо. Проекти кои се во тек се телекомуникациската кула и патот.

Методија Саздов од Македонскиот зелен Центар бара да се даде поголемо значење на заштитата на парк шумата, а во врска со патот што се гради, вели дека до нивната организација веќе стигнуваат поплаки во врска со изградбата поради појава на лизгање на земјиштето.

„Нашата организација веќе реагираше до одговорите лица да проверат и да се спречи понатамошно уништување или појава на свлечиште кое може во иднина дополнително да влијае, видете Водно е вештачка шума, мора сериозно да се внимава на Водно“ изјави Методија Саздов во интервју за Слободна Европа што ќе се емитува в недела.

Меѓутоа експертите се сомневаат дека екологистите кај нас може да имаат поголемо влијание врз центрите на моќ.

Во врска со активизамот на еколошките организации, повеќе станува збор за некакви кабинетски, образовни или воспитни краткотрајни програми кои немаат поголемо значење, особено за поголеми интервенции како она на Водно, вели социологот Илија Ацевски.

„Тие програми се краткотрајни, повеќе се манифестациони, се укажува, но тоа нема една завршница. Треба да се истрае во тоа и да се доведат во прашање тие центри на моќ кои прават нешто и никој не може на нивниот пат да им застане.“

Парадокс е дека интервенциите на Водно се случуваат во ситуација кога Скопје последните неколку години го доживува максимумот на загаденост. Зимата беа измерени десетици пати поголема загаденост од максимално дозволената.

Светла точка засега остануваат еколошките организации во Велес кои издејствуваа клуч за топилницата.