Пензионерите да ги помагаат стечајците

Битолски пензионери бараат помош за стечајците

Хумана иницијатива на битолските пензионери за помош на стечајците. Тие бараат сите пензионери да издвојат по 100 од нивниот месечен надоместок за стечајците.
Група битолски пензионери покренаа хумана иницијатива за финансиска поддршка на стечајните работници со нерешен социјален статус. Тие јавно испратија предлог до сите пензионери во земјава кои ги има околу 270 000 да издвојат дел од најавеното зголемување на пензиите од 5 проценти кое треба да следи од март годинава. Со тоа би се добиле средства за траен надомест кој стечајците би го примале месечно.

Кога би се откажале од по 100 денари од најавеното покчување на пензиите ќе се добие сума од 27 милиони денари. Со вака добиените средства би се обезбедил финансиски надомест за секој стечаец.
Благој Настовски, иницијатор.
„Кога би се откажале од по 100 денари од најавеното покачување на пензиите ќе се добие сума од 27 милиони денари. Со вака добиените средства би се обезбедил финансиски надомест за секој стечаец, ако нивниот број како што имаме информации изнесува околу 4000 стечајци, зашто за 2000 се обврза Владата дека ќе го реши случајот. Така да за секој стечаец ќе има по 6750 денари месечно“ изјави иницијаторот Благој Настовски.

Тој нагласи дека ова е независна иницијатива.

„Ние не сме врзани ни со здруженија, ни со некоја политичка партија. Чисто хумано како пензионери од Битола читајќи и гледајќи по телевизијата што се случува изготвивме еден предлог, овие луѓе да бидат обезбедени до пензионирањето. На крај мора да се каже дека овие луѓе за време на работењето издвојувале средства во фондот за здравство и пензиско осигурување“, додаде Настовски.

Ние не сме врзани ни со здруженија, ни со некоја политичка партија. Чисто хумано како пензионери од Битола читајќи и гледајќи по телевизијата што се случува изготвивме еден предлог, овие луѓе да бидат обезбедени до пензионирањето.
Благој Настовски, иницијатор
Предлогот ќе го достават до сите пензионерски здруженија во земјава, од каде очекуваат поддршка.

„За ваквиот предлог очекуваме широк одзив, рабирање и масовна поддршка посебно од пензионерите“, вели Настовски.

Ваква финансиска помош би добиле стечајците со работен стаж помал од 25 години. Проблемот со останатите стечајни работници кои работеле повеќе од 25 години Владата ќе го реши со нов закон според кој ќе добиваат 7100 денари месечно до пензионзионирање. Со законот и прифаќањето на овој пензионерски предлог би се решила агонијата на сите стечајни работници од некогашните државни компании.