Ивана Тасев со своевиден тестамент за македонската творечка сцена

Ивана Тасев, новинарка.

„Надвор од линијата“ е насловена книгата интервјуа на новинарката Ивана Тасев, што како издание на „Галикул“ се појави деновиве. Станува збор за нејзина прва објава со која таа ја одбележува првата декада од својата креативна работа во магазинот „Теа Модерна“, а промоцијата е планирано да се одржи утревечер од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.
Невообичаено е кога една впечатлива личност и појава, каква што несомнено е Ивана Тасев, една од оние кои се забележливи и се издвојуваат веднаш и „од прва“ дури и кога се во мноштво, ја одбира онаа друга позиција, во сенка, која и служи за да фрли светлина на другиот, на соговорникот. Но, секој кој ги имал задоволството и честа да биде интервјуиран од неа, знае и нешто друго: дека таа не е само онаа која заинтересирано и љубопитно поставува прашања, таа е онаа која, секогаш суптилно, ги наведува да навлезат длабоко во настаните и оттаму да не извлечат само фактографија, туку длабоки сознанија.
Оваа книга можеби е од Ивана Тасев, но не е за Ивана Тасев туку е за нашата плодна и потентна уметничка сцена.
Гоце Смилевски, писател.

Ивана Тасев, новинарка.

Ова, меѓу другото, ќе го забележи писателот Гоце Смилевски во воведот за книгата селектирани разговори „Надвор од линијата“ на Ивана Тасев, што како издание на „Галикул“ се појави деновиве. Станува збор за нејзина прва објава во која се поместени интервјуа со веќе докажани и звучни имиња од македонската културна сцена кои во изминатава декада биле објавувани во „Теа Модерна“ - неделникот во кој таа работи.
Со такви луѓе за кои јавноста веќе сè знае, тогаш ти имаш слобода да проговориш со нив на едни повоопштени теми.
Ивана Тасев, новинарка.

„Оваа книга можеби е од Ивана Тасев, но не е за Ивана Тасев туку е за нашата плодна и потентна уметничка сцена. Во неа се поместени интервјуа кои излегуваат од рамката на едно класично и стереотипно интервју бидејќи таквите интервјуа правени по одреден повод, театарска премиера, изложба или промоција, сеедно, за кусо време губат од својата актуелност и стануваат бајати и анемични. Затоа тие и не се складни и би биле здодевни да се читаат во една книга“, вели Смилевски.

Авторката дополнува дека токму затоа таа направила избор од интервјуа кои третираат многу поовопштени теми и каде што соговорниците ги откриваат и соголуваат нивните чувствени размисли, нивните критички ставови кон определени нешта, нивните слабости и нивните доблести. Од таму, таа смета дека нејзината „Надвор од линијата“ може да се смета и за своевиден тестамент за моќта и вишнеењата на постојната македонска творечка реалност.

Инаку, во публикацијата се поместени разговори со творци како Милчо Манчевски, Антони Мазневски, Методиј Златанов, Никола Ристановски, Жанета Вангели, Јасна Котеска, Соња Абаџиева, Дејан Дуковски, Александар Поповски, Игор Тошевски и мнозина други, а Тасев знае да каже дека кога пред себе имаш такви личности за кои што јавноста безмалку сè знае и ним им е далдисано да говорат исклучиво за актуелниот момент, тогаш новинарот мора да ја чевствува слободата да ги раскине бариерите на еден условен дијалог и да се впушти во авантура на откривање на притаените нешта.

„Со такви луѓе за кои јавноста веќе сè знае, тогаш ти имаш слобода да проговориш со нив на едни повоопштени теми каде што тие ќе го изнесат својот пофилософски, покритичен став за одредена работа. Затоа верувам дека и за нив ова е издувен вентил, не само за мене затоа што и тие имаат ретко прилика да се изразат преку вакви интервјуа“, вели авторката.

Инаку Ивана Тасев е позната и по својата огромна љубов кон фотографијата, но во книгата, како што вели, со издавачот се одлучиле да останат портретите направени од нејзините колеги – фоторепортери со кои соработувала през годините.

„Добивме грант од Министерството за култура кој што беше доволен книгата само да се отпечати во црно-бело издание. Во прво време со издавачот Јане Чаловски бевме малку разочарани, но отпосле констатиравме дека ова е подобро затоа што тој ми рече – Ти си писател, автор и доколку имавме фотографии тоа повеќе ќе наликуваше на каталошко издание, вака делува како сериозна литературна творба!“, вели Тасев.