Весниците фокусирани на посетата на Нимиц

Метју Нимиц.

Посетата на посредникот Метју Нимиц на Скопје и Атина, ангажманите на ДУИ во спорот за името, случајот Ликвидација се дел од темите за кои пишуваа весниците.
Главната вест во печатените медиуми е дека посредникот Нимиц на 9 септември пак доаѓа на Балканов, поточно во Скопје и во Атина.
Грција го кани Нимиц за да купи време и да глуми сериозност, со тоа што, за разлика од порано, Нимиц во Атина ќе се сретне со шефот на дипломатија Венизелос, наместо во Солун само со преговарачот Василакис.
Дневник.

„Го сменил ли Нимиц рецептот за името?“, прашува Утрински пренесувајќи ги грчките медиуми, а Дневник пренесува мислења на неименувани дипломатски извори дека „Грција го кани Нимиц за да купи време и да глуми сериозност“, со тоа што, за разлика од порано, Нимиц во Атина ќе се сретне со шефот на дипломатија Венизелос, наместо во Солун само со преговарачот Василакис. Вечер оди со прашање во насловот: „Нимиц следната недела ќе бара одговор од Атина и од Скопје?“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.


Утрински и Дневник го цитираат Груевски дека: „Добредојдени се активностите на секој што може да помогне и е добронамерен“ пренесувајќи ја и неговата изјава дека сè уште не се сретнал со Ахмети по неговата посета на Атина. Инаку, во врска со оваа посета, Дневник заклучува дека „Грција не го сака Груевски, игра со
Грците сакаат Ахмети да игра сиртаки, а не Заев да витка 'рбет.
Нова Македонија.
Ахмети“. Нова Македонија со истата перцепција, но со друг актер: „Грците сакаат Ахмети да игра сиртаки, а не Заев да витка 'рбет“. А Утрински прашува: „Бега ли ДУИ од радарот на Груевски?“.

Меморандумот за ЕУ, што го предложи владејачката партија, се чини не им е интересен на весниците, па само два пишуваат за него: Нова Македонија оди со наслов: „Меморандумот не смее да стане пакт за молчење“, наведувајќи дека втората точка, со која се
предвидува партиите да се воздржат од активности што може да ги попречат или да ги загрозат евроинтеграциите на земјава, познавачите го толкуваат дека тоа може да значи и премолчување на извесни неевропски состојби во државава заради национален интерес. А Утрински наведува дека со Меморандумот се игра пинг-понг меѓу двете партии: „СДСМ предлага во текстот да се вметнат делови што се однесуваат на слободата на медиумите, борбата против корупцијата и изборните реформи и го врати предлог-текстот на првичната адреса“.

Кучињата си лаат, карванот си врви, се чини како соодветна старата народна за судењето на веќе три месеци притворениот новинар Кежаровски: јавноста како да не реагира на информациите дека „Братот на заштитениот сведок тврди дека го терале да потпише лажна изјава“, како што објави Дневник и „Сведоците признаа дека Обвинителството ги обработувало за Ликвидација“, како што наслови Нова Македонија.

А паразитот „коњско влакно“ пронајден во водата за пиење во Тетово, според стручњаците, „не е опасен“ објавија сите медиуми. Ништо веќе не може да изненади во Македонија.