Достапни линкови

Ахмети ја отвори јавната дебата за името?


На вчерашниот брифинг со новинарите, лидерот на ДУИ Али Ахмети изрази уверување дека премиерот Никола Груевски сака да го реши спорот за името и дека е подготвен за дијалог со грчката страна, но оти во одделни сегменти ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различни позиции.

ДУИ во неколку наврати се обидува да отвори јавна дебата за спорот за името и можните решенија, но се чини дека не успева да ја наметне темата, барем кај најголемите партии од македонскиот политички блок, иако, според голем дел од аналитичарите, јавната дебата е неопходна за решавање на спорот, затоа што само така може да се постигне општествен консензус околу ова прашање.
Манипулациите во врска со проблемот со името го одржуваат Груевски на власт толку време. Тој не е подготвен на јавна сцена да излезе и да говори на оваа тема, бидејќи ќе му побегне од раце најсилното оружје за политичка борба со кое секогаш на предвремени избори може да ги победува предавниците, оти тој е „најголем патриот“.
Тито Петковски, претседател на НСДП.

Главниот политички противник на ДУИ, пак, лидерот на ДПА Мендух Тачи, веќе се изјасни дека името е ексклузивно прашање на Македонците.
Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.
Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.

На вчерашниот брифинг со новинарите, Ахмети изрази уверување дека премиерот Никола Груевски сака да го реши спорот за името и дека е подготвен за дијалог со грчката страна, но оти во одделни сегменти ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различни позиции.

„ВМРО-ДПМНЕ не сака јавна дебата за ова прашање, а ДУИ мисли дека таа е неопходна. Разлики има и кога е идентитетот во прашање. После консултациите што ги направивме со повеќе меѓународни центри ДУИ мисли дека не е загрозен идентитетот на нашите сограѓани - Македонци, а ВМРО-ДПМНЕ мисли спротивно. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уставното име на државата како дел од решението, а ДУИ мисли дека тоа не води кон решение и дека треба да се бара компромис. Исто така, ние не мислиме дека е загрозен и македонскиот јазик“, рече вчера Ахмети.
За Македонските работи пред сè одлучуваат Македонците, но не е исклучена можноста и сите други граѓани, дали се тоа Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, да се вклучат во овој процес. Тоа што се работи за македонско прашање врзано за нашиот идентитет, за нашиот јазик, за нашата култура и историја, пред сè одлучуваат Македонците, како што за прашањата на Србите одлучуваат Србите, за албанските прашања – Албанците, проблемот е идентитетот.
Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

Премиерот Никола Груевски пред неколку дена, на собраниската седница за пратенички прашања, рече дека во оној момент кога владата ќе почувствува дека е потребно да се споделат некои од идеите на медијаторот Нимиц со јавноста, тоа и ќе го направат и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со какво било решение кое подразбира промена на Уставот, кое задира во идентитетските прашања и кое нема да помине на референдум на кој граѓаните ќе го кажат своето мислење.

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека не сака да коментира ништо на тема „името“, сè додека партијата не добие конкретни информации за тоа што се случува на тој план. Отворањето на ова прашање без конкретни информации служи само за манипулација, ни рече Шеќеринска во кусиот телефонски разговор.

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, пак, вели дека ако има политичка волја да се реши спорот за името, во тој процес мора да се вклучат сите, не само политички, туку и општествени фактори.

„Манипулациите во врска со проблемот со името го одржуваат Груевски на власт толку време. Тој не е подготвен на јавна сцена да излезе и да говори на оваа тема, бидејќи ќе му побегне од раце најсилното оружје за политичка борба со кое секогаш на предвремени избори може да ги победува предавниците, оти тој е „најголем патриот“, вели Петковски.

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, пак, вели дека секој одговорен политичар, вклучително и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, треба да помогне во надминување на спорот за името. Сепак, Трајанов нагласува дека спорот со Грција пред сè навлегува во генезата на македонскиот народ.

„За Македонските работи пред сè одлучуваат Македонците, но не е исклучена можноста и сите други граѓани, дали се тоа Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, да се вклучат во овој процес. Тоа што се работи за македонско прашање врзано за нашиот идентитет, за нашиот јазик, за нашата култура и историја, пред сè одлучуваат Македонците, како што за прашањата на Србите одлучуваат Србите, за албанските прашања – Албанците, проблемот е идентитетот“, вели Трајанов.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната средба со новинарите рече дека е дојден моментот на решавање на спорот за името и оти со вклучување на меѓународната заедница во преговарачкиот процес, проблемот ќе биде надминат.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG