Достапни линкови

Горна Република Македонија не задира во идентитетот


Горна Република Македонија не задира во идентитетот
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:09 0:00

Горна Република Македонија не задира во идентитетот

Треба да разговараме отворено за прашањето на идентитетот, без да се создава мистерија околу тоа прашање коешто би ги уплашило граѓаните, туку да се разговара директно, да се стават на маса сите прашања и после да се заземе став, водејќи се по примерот на другите народи коишто покажаа зрелост, покажаа храброст и сега се во редот на ЕУ и НАТО, вели портпаролот на владејачката ДУИ, Бујар Османи, во интервју за Радио Слободна Европа.

Господине Османи, вашата партија го покрена прашањето за јавна дебата во врска со спорот за името. Вашиот партнер во власта молчи за тоа. Како вие го толкувате тоа?

Јас може да зборувам за ставот на ДУИ во однос на потребата отворено да се разговара за сите предизвици со кои се соочува државата, бидејќи сметаме дека само со отворена дебата за тие прашања може да стигнеме до консензус по прашања коишто го бараат тој консензус и за да се решат со цел да ги одблокираме евроинтегративните процеси. Треба прашањето за името да го отвориме без предрасуди, да видиме кои се ставовите на страните, кои се предлозите, кои се црвените линии и конечно да седнеме и на директни преговори да најдеме решение.

Кои се црвените линии?

Нашиот став е дека последниот предлог на господинот Нимиц не задира други прашања коишто би биле спорни и коишто се повеќе емоционален товар на граѓаните од македонската етничка припадност. Меѓутоа последниот предлог на Нимиц не е предлог којшто го задира идентитетот, којшто го засега идентитетот.

Зборувате за предлогот Горна Република Македонија?

Да, тоа е последниот предлог и тој предлог не задира во другите сфери, освен во промена на референцата и сметаме дека тоа прашање треба јавно да се разговара со граѓаните и да се укаже дека нема никаков страв или некаков ризик да се чепка, да се задира во тие прашања коишто Македонците ги чувствуваат како свети.

Од една страна, вие зборувате за отворање на јавна дебата, а од друга страна, вашиот коалиционен партнер молчи и не се одѕива на овие барања од ваша страна. Како понатаму?

Ние го поздравивме ставот на премиерот Груевски којшто побара промена на форматот на разговорите, значи на префрлување на директни преговори со Република Грција по принципот Косово-Србија и ние сметаме дека тоа е најправилниот начин како да се најде конечно решение, бидејќи е очигледно дека ние досега не сме имале преговори. Сме имале една форма на разговори под посредништво, меѓутоа директни преговори меѓу двете страни не сме имале.

Велите неопходна е јавна дебата. Вашиот коалиционен партнер остава впечаток во јавноста дека не сака јавна дебата по ова прашање. Можно ли е токму ова недоразбирање да доведе до распад на коалицијата?

Видете, не е прашање дали владата ќе опстои или не, тоа не е најбитното прашање во моментов. Тоа што е најбитно е дали сите општествени чинители, политички и неполитички, ја имаат концентрирано енергијата кон наоѓање решение. Треба да разговараме отворено за прашањето на идентитетот, без да се создава мистерија околу тоа прашање коешто би ги уплашило граѓаните, туку да се разговара директно, да се стават на маса сите прашања и после да се заземе став, водејќи се по примерот на другите народи коишто покажаа зрелост, покажаа храброст и сега се во редот на ЕУ и НАТО.

Значи, дека може да се заклучи дека ова прашање нема или не може да влијае врз коалиционите односи?

Видете, не е тоа во директна корелација. Постојано се повторува тоа прашање, дали излегувањето од влада е решение и дали нови избори се решение. Ние сметаме дека изборите не се решение, бидејќи само ќе нè дефокусираат од темата, ќе не дефокусираат од таа јавна дебата и на крај исходот ќе биде ист и пак ќе бидеме приморани како две легитимни партии кај македонскиот и кај албанскиот етнички блок, повторно да формираме коалиција. Значи, што сме направиле во меѓувреме, сме изгубиле драгоцено време, сме изгубиле финансиски средства коишто би можеле да бидат пренасочени за други цели и сме ја дефокусирале јавноста од потребата за дебата за прашањата коишто значат многу, гледано во историски контекст.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG