Нема кодоши меѓу кандидатите за локалните избори

Комисијата за верификација на фактите денеска утврди дека тројцата кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници за претстојните локални избори, не биле соработници на тајните служби. Од Државниот архив во чија документација биле споменати имињата на тројцата кандидати констатирано е дека двајца биле следени од службите под сомнение за албански сепаратизам и национализам, додека кај третиот кандидат имало совпаѓање на податоците со друго лице. Тројцата кандидати, како што информираат од Комисијата за лустарција, се на листи на различни политички партии.