Недоволно преработувачи, скапи производи

Недоволното присуство на преработувачки капацитети во Македонија - една од причините што готовите производи ги плаќаме прескапо, велат упатените.
Недоволното присуство на преработувачки капацитети во земјава, е причината поради што, неретко, готовите производи сме принудени да ги купуваме поскапо. Земјоделецот Тоде Лазаевски се жали дека земјоделската работа е макотрпна, а недоволно исплатлива. Според него, во денешно време тешко се наоѓа работна сила која сака да се занимава со земјоделство, а се
Нема работна рака, јас имам фирма, машини, трактори, не можам работник да земам, 15 илјади денари да му дадам плата, не сакаат да доаѓаат, со социјала три-четири илјади денари поарно им, плус сега има евтина храна, кинеска евтина облека, едно друго...
поочигледно е дека и на преработувачите им се неисплатливи инвестициите во индустриски капацитети.

„Јас ако насадам една фарма да речеме од 10 хектари со пиперски и домати, за да произведам готов производ, со ѓубрива потребни, орање, и да им речам сами да си земат работници за да го соберат, поскапо ќе ги чини отколку јас да го соберам со свои работници и да им го дадам нив. Нема работна рака, јас имам фирма, машини, трактори, не можам работник да земам, 15 илјади денари да му дадам плата, не сакаат да доаѓаат, со социјала три-четири илјади денари поарно им е, плус сега има евтина храна, кинеска евтина облека, едно друго...“

Илустрација: Фабрика за кечап

Славчо Јорданов е сопственик на прехранбена индустрија за производство на кечап и мајонез. Тој вели дека многу фабрики што работеле во овој бизнис биле принудени да се затворат, поради напливот на доматно пире од
Нашите трговци и преработувачи го собираат кајмакот и луѓето се разочарани, значи не се во состојба нормален дијалог, нормална соработка помеѓу овие два субјекта, тоа е најголемиот проблем. Мора да се седне, да се разговара. Увозната суровина е се поскапа, двојно поскапа
кинескиот пазар.

„Македонија тоа не можеше да го издржи без да го субвенционира своето производство и тоа не само суровината, туку требаше да го субвенционира и мазутот, бидејќи главни чинители врз цената на доматното пире се мазутот и доматот како суровина.“

Според упатените, пак, проблемот е во нерегулираните односи меѓу производителите и откупувачите. Вторите не го вреднуваат трудот на првите, вели деканот на Земјоделскиот факултет во Штип, Илија Каров.

„Нашите трговци и преработувачи го собираат кајмакот и луѓето се разочарани, значи не се во состојба нормален дијалог, нормална соработка помеѓу овие два субјекта, тоа е најголемиот проблем. Мора да се седне, да се разговара. Увозната суровина е се поскапа, двојно поскапа.“

Каров посочува дека е се уште голем бројот на земјоделци чиј род на пиперки од 2009 година, се уште не им е исплатен. Додека, пак, увозната суровина мора веднаш да биде платена, дури и под услов за тоа да се земе кредит, подвлекува професор Каров.
Она на што предупредува е и недоволната свест на производителите да го почитуваат домашниот производ и квалитет.