Достапни линкови

Пиперките скапуваат, нема откуп


За над шест илјади тони пиперки, нема обезбедено откуп. Земјоделците трпат огромни штети.

Преку 6000 тони пиперки или третина од вкупната реколта во прилепско стојат по нивите и дворовите на земјоделците, а ако не се обезбеди итен организиран откуп, родот ќе скапи. Земјоделците трпат огромни штети, секое семејство брои по 2-3 000 евра загуби, зашто прекинал интересот на откупувачите во Бугарија и Романија, каде пиперките ги продавале за многу ниски цени.
Имав околу 30 тони пиперки, 20 тона се продадоа, имам уште 10 тони тука за продавање и сега со тие, не знам што ќе направи со тие пиперки, дали ќе се продадат или ќе се фрлат


,,Имав околу 30 тони пиперки, 20 тона се продадоа, имам уште 10 тони тука за продавање и сега со тие, не знам што ќе направи со тие пиперки, дали ќе се продадат или ќе се фрлат."

,,Беревме, носевме, нудевме, залегната пиперка... еве како се исфрлува веќе."

Земјоделците од прилепскиот регион трпат огромни штети
реагираат Александар Шипинкоски и Борис Грујоски, двајцата земјоделци од прилепското село Обршани.И нивните соселани се чувствуваат изиграни, зашто велат зависат од препродавачите. Трговците тврдат имаат краен збор во оваа купо-продажна игра, во која родот го продаваат за крајно ниски цени, со кои не можат да ги платат ни трошоците за производство. Зелената пиперка се жалат индивидуалните производители не може да ја продадат ни за 6 денари за килограм.

,,Дваесет денари одеше првата класа, ама сега зелената 4 денари, тоа се 24 денари, да ги поделиме 12 денари... Со 12 денари ние производство не можеме да излеземе, бидејќи литар нафта е едно евро, нас ни требаат пет килограми производ, за литар."

Револитиран зборува Роберт Станкоски, кој живее исклучиво од земјоделство.
Државата нешто да помогне, а не да се жали со стимулации за градинарски, за не знам механизација... Од тоа овде на терен, не можеме ние ништо да видиме

Градинарите загрижени за својата егзистенција сега бараат итна помош од државата, исплата на отштета, субвенција по килограм, а не по хектар и дефинирање на заштитна цена за пиперките, која мора да биде за триесет отсто повисока во однос на сегашната велат.

,,Државата нешто да помогне, а не да се жали со стимулации за градинарски, за не знам механизација..од тоа овде на терен, не можеме ние ништо да видиме."

,,Од Министерството за земјоделство ние бараме да ни ја исплати оваа штета за зелената пиперка од 6 до 7 денари од килограм од која што е предадена и исто бараме и заштитна цена."

Ги пренесуваат барањата на прилепските земјоделци Игор Сидороски и
Рубин Шефтероски. Жителите во овој регион пред две години поради неорганизиран пласман, исфрлија во дивите депонии илјадници тони со квалитетен бел кромид. Велат иако пред почетокот на сезоната тогаш државата им ветила сигурен пласман за сите произведени количества, родот им остана по нивите, на селските буништа, крај патиштата, a не добиле ни денар отштета за нивната мака.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG