Живот во сиромаштија

Семејството на прилепчанката Вера Димеска меѓу многуте македонски семејства кои едвај преживуваат

Во Прилеп на работ на егзистенција се околу 4000 евидентирани семејства корисници на социјална помош. Меѓу армијата сиромаси и семејството Димески.
Педесет и три годишната неготинчанка Вера Димеска со години во Прилеп ја живее својата тажна судбина. Без работа, со многу разочарувања и тешки удари кои и ги нанел животот, без денар и визија за својата иднина, во страв и страдања го живее секој момент. Секој ден тропа од врата на врата по сите институции за да како што вели се смилува некој и да ја вработи, колку да
За кучињата во Европа водат рачун, за мачките, а не па за луѓето.
заработува за леб, за да купи некој кубик дрва, да не смрзнува дома барем внучето. Тоа и е единствена светла точка во трагичниот живот. Нема пари ни да си купи средства за хигиена. И се појавила некоја алергија по телото, вели не знае ни што е, ни како ќе се лечи, зашто нема пари, ниту да појде кај лекар, ниту пак да купи лекови. Гневна на животот, на системот кој што вели не и дава шанса да живее, таа со солзи во очите ја раскажува својата тешка и кобна судбина.

„Мене институциите многу ме шетаат и јас сум многу изгорена како родител. Мојата судбина не е лесна. И сите институции ги превртив и немам леб. Сега и јас дома исто страдам. Мене ќерка на 16 години ми умре од леукемија, јас сите врати ги претурив, сега имам 4-годишна внука, што страда за леб и за млеко“, се жали Димеска.

Мене институциите многу ме шетаат и јас сум многу изгорена како родител. Мојата судбина не е лесна.
Таа и другата нејзина ќерка, која е самохрана мајка сега плачат и за загубата на нејзиниот брат Александар Јованов. Тој неодамна смрзна во неговата опожарена куќарка во населбата Рид во Прилеп. Напуштен од сите, од семејството, од блиските, од институциите.

„Нечовечно заврши и жал ми е, а и мојата судбина не е поарна. Јас да бев во состојба, јас ќе му помогнев. За кучињата во Европа водат рачун, за мачките, а не па за луѓето. А тој не беше човечки згрижен. Мене ми е многу тешко, зашто јас не знам каде да одам и каде да плачам, каде е закопан и каде да одам свеќа да запалам.“

Не само за себе, Димеска баралa помош од институциите и за својот брат, но вели без успех.

„Јас триста и триесет пати се обратив и никој не презеде за неговата судбина, да биде згрижен како пес да не умре. Од социјалното му велеа не си за ваму, не си таму, го праќаа во Бардовци, го праќале, ваму, го праќале таму. На плочникот питаше, ни испран, ни прибран, ни ништо.“

И соседите на Јованов тврдат дека бил целосно напуштен од сите. Велат се до пред еден месец кога е опожарената неговата куќарка, тој и некако живеел. Но, по пожарот се смрзнувал од студ во пеплосаниот дом, без врати и прозори, без никаква топлина, без ничие пријателство и топол збор.

„Од студ го пронајдоа докторките, така рекоа тие. Еве вака понекогаш кога ќе му давав јадење и тоа... Друг никој апсолутно не му даваше ништо. На креветот така лежел, не е тоа кревет, тоа е само од алиштата партали собрани, и така со нив се завиваше“, велат соседите Блага и Драган Трајкови.

Во Прилеп, на работ на егзистенција, живеат на околу 4000 евидентирани семејства корисници на социјална помош. Но, реалната бројка е многу поголема. Многу граѓани го изгубиле законскиот основ за користење социјални пари, но тие не се ниту вработени, ниту побогати во однос на минатата година. А, и тие што се корисници на социјална помош, тврдат дека парите не им стигнуваат ниту за задоволување на елементарните животни потреби.