Достапни линкови

Политичка апатија


Скопје
Скопје

Умореност, разочараност, политичка апатија, страв... меѓу македонските граѓани поради актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

Уморни сме од политиката и секојдневието. Вака одговорија неколкуте сограѓани кои пред нашиот микрофон кога ги прашавме каква е иднината на Македонија? Разочараност, гнев кој постепено преминува во рамнодушност, страв отворено да се изјаснат за тоа што им пречи... ваков е впечатокот што го добивме по анкетата меѓу случајните минувачи. Несомнено, никој не е
Не заморија со многу тешки
прашања.
расположен за муабет, кога го мачат проблемите на сиромаштија и невработеност.

„Не заморија со многу тешки прашања.“

„Животниот стандард е на нула, како што гледате работиме само за да ги платиме сметките.“

„Економски падна народот, кој има дете невработено, или самиот тој не е вработен.“

„Владата го заборави народот.“
Животниот стандард е на нула, како што гледате работиме само за да ги платиме сметките.

„Децата не ми работат, што да ви кажам.“

После овие одговори од граѓаните, решивме да не ги прашуваме политичарите. И онака нивните размислувања и ставови ги слушаме и гледаме секојдневно. Но, одговор побаравме од политичките аналитичари. Дел од нив велат дека во земјава владее политичка апатија, а дејствата кои одговорните ги превземмаат се неполитички. Според политикологот Артан Садику дистанцирањето на Македонија од евроатланските структури може дополнително да ја влоши моменталната ситуација. Според него најважно е да се најдат вистинските алтернативи.

Власт без стратегија и опозиција без понуда
Најтажното е тоа што сегашната влада во Макеоднија нема некоја стратегија за излез од сегашниот ќорсокак, но уште потажно е кога опозицијата во време кога предлага предвремени избори како алтернатива не нуди ништо друго, освен што се нуди сама
себе си.




„Најтажното е тоа што сегашната влада во
Македонија нема некоја стратегија за излез од сегашниот ќорсокак, но уште потажно е кога опозицијата во време кога предлага предвремени избори како алтернатива не нуди ништо друго, освен што се нуди сама себе си.“

И комуникологот Петар Арсовски не очекува позитивни промени во блиска иднина, пред се поради недостатокот од генерална еманципација во политиката и нагласениот популизам.

„Податокот дека повеќе од половина од луѓето сметаат дека нивната религија или нивниот етникум е, поприоритетен од другите. Сметањето дека хомосексуализмот е некоја девијантна појава, сметањето дека во Југославија сите живееле подобро итн. Сето тоа укажува на еден недостаток на генерална еманципација во политичкиот и социјалниот дискурс, а на тоа имаме еден популизам кој владее кај сите политички партии.“

Недостигот на странски инвестиции, големиот процент на невработеност и сиромаштија, немањето економски прогрес е само дел од реалноста во земјава. Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава е полош од минатогодишниот, а според забелешките во истиот, земјава бележи назадување на полето на демоктратијата ин слободата на говорот. Последните истражувања на невладините организации покажаа дека дури 55 насто од граѓаните се политички неопределени, а 60 насто од нив се југоносталгичари.

Дали политичарите во Македонија мислат за народот или...? Коментирајте во рубриката Хајд Парк.

Хајд парк за работата на политичарите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG