Неплаќање на придонеси за нововработените?

Работници во текстилна фабрика

Предлогот на дел од стопанствениците да им се дозволи неплаќање на придонеси за нововработени во времетраење од шест месеци може лесно да се злоупотреби, се согласуваат упатените и претставниците на синдикалните организации.
Предлогот на дел од стопанствениците да им се дозволи неплаќање на придонеси за нововработени во времетраење од шест месеци може лесно да се злоупотреби, се согласуваат упатените и претставниците на синдикални организации. Надлежните треба да ги почекаат работодавачите додека ги пријават нововработените, но шест месеци е предолг грејс-период, смета претседателот на Унијата на независни автономни синдикати на Македонија Слободан Антовски:
Многу од работодавачите би го користеле тоа некоректно, односно да ги држат вработените шест месеци, па потоа да ги испуштаат и ќе почнат да бараат нови работници, па повторно да ги испуштат за шест месеци итн.

,,На состанокот со министерот не беа поканети социјалните партнери, односно Синдикатите кои што сигурно се една од алките што треба да бидат запознаени со се што се носи како закон и побарување од страна на работодавачите. Меѓутоа оној коментар што беше даден, до некаде држи место да имаат побарување од страна на работодавачите да имаат некој грејс период, меѓутоа период е преголем.“

Ако на компаниите им се дозволи шест месеци да не плаќаат придонеси за новите вработени, тука може да се јават злоупотреби, додава Антовски:

,,Горки се искуствата досега кај нас, затоа што барем до сега такво е искуството многу од работодавачите би го користеле тоа некоректно, односно да ги држат вработените шест месеци, па потоа да ги испуштаат и ќе почнат да бараат нови работници, па повторно да ги испуштат за шест месеци итн. Не зборувам генерално за сите работодавачи, но дел од ,,новопечените“ бизнисмени би го користеле тоа и не треба да се дозволи такво нешто.“

Ваквите и слични олеснувања посебно им се важни на младите фирми и на почетниците во бизнисот. Директорот на „ПСМ Јес“ фондацијата Љупчо Деспотовски вели дека на почетните и помалите бизниси им се потребни олеснувања, но шестмесечните дупки во стажот не се поволни за работникот:
Малку е непријатно, како тоа пензиски не е осигуран, здравствено не е осигуран, не им тече стажот

,,Малку е непријатно, како тоа пензиски не е осигуран, здравствено не е осигуран, не им тече стажот. Не е толку за давачките кон државата, туку за оној дел од осигурвањето.“

Постои и простор за злоупотреба на ваквото евентуално олеснување, вели Деспотовски:

,,Ако е само за некои давачки кон државата во однос на персонален данок, односно данок на доход, тогаш може да има некаква логика таа мерка, меѓутоа во секој случај, на некој начин да бидат обврзани да ги задржат тие вработени, а не да се сведе на тоа да ги примаат тие вработени, па за шест месеци да ги отпуштаат и такви работи.“