Деца во предучилишна група учат двојазично во Дебар

Во Дебар цели десет години мошне успешно работи предшколската детска група ,,Мозаик“ во која воспитувањето, комуникацијата е двојазична- на македонски и албански јазик.
Интересот на родителите за да ги запишат своите деца во ,,Мозаик“ е голем, а во групата има и листа на чекање велат воспитувачките Марија и Валмира.
Огромен е интересот за доаѓање на деца во нашата група и тоа поради основните цели што ги има нашата група, а тоа се конструктивно решавање на конфликти и социјализација на децата од двата етникума. Јазикот во групата се учи спонтано низ игра, заедно со активностите што ги реализираме со децата.


,,Огромен е интересот за доаѓање на деца во нашата група и тоа поради основните цели што ги има нашата група, а тоа се конструктивно решавање на конфликти и социјализација на децата од двата етникума. Јазикот во групата се учи спонтано низ игра, заедно со активностите што ги реализираме со децата. Родителите сакаат да ги носат децата овде токму поради јазикот, без разлика дали се работи за македонски или албански јазик,“

објаснува воспитувачката Марија Василевска. Според неа, дружењето на децата е на високо ниво.

Нејзината колешка Валмира Кобеци вели дека децата јазикот го изучуваат спонтано, онака како што ги учат и детските игри.

,,Воопшто нема проблеми во работењето. Се работи слободно. Јас говорам на мојот албански мајчин јазик, а колешката говори на својот мајчин македонски јазик. Јазикот се учи спонтано а активностите се одвиваат многу убаво. Децата започнаа да говорат и на другиот јазик и тоа е многу интересно.“

Дебарската предшколска група ,,Мозаик“ е кординирана од страна на Центарот за заеднички основи со седиште во Скопје , кој воедно има групи уште во други четири градови во земјава.

Во групата ,,Мозаик“ особено внимание се посветува и на почитувањето на етничките традиции на децата, потоа почитување на нивните разлики и заедништвото.