Економската криза ја намалува трговската размена

Влада на Република Македонија

Стоковната размена во јануари годинава е намалена за 31 процент, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од државниот завод за статистика. Пад на стоковата размена се бележи и при извоз и при увоз. Во јануари од Македонија се извезени стоки во вредност од 150 милиони долари, а увозот изнесува 350 милиони долари . Покриеноста на увозот со извоз изнесува 43 проценти. Трговскиот дефицит од близу 200 милиони долари, остварен во првиот месец од годинава е зголемен за разлика од 180
Генерално ако се продолжи со оваа динамика, сигурно дека импликациите би биле неповолни и натаму и очекувам да имаме намалувачки тренд
милиони во истиот период лани. Експертите очекуваат состојбата допрва да се влошува. Таквиот став го делат и од компаниите.
Експерите причината за намалената стопанска активност, ја лоцираат во светската економска криза. Како резултат на кризата многу компании се затворија, а некои ги намалија своето производство. Директорто на Макстил, Александар Панов, вели дека во услови на криза, намалененото производство е нормалана работа.

„И самиот производен програм од тие причини за 2009 година го намаливме. Тоа ќе се пролонгира и во наредниот период. Повторно ќе направиме ревизија во втората половина на годината. Наше мислење е дека во втората половина од годината треба да се направи ревизија за да видиме дали планот и понатаму е актуелен или треба да направиме некоја промена.“

Намален обем на трговската размена ќе следи и понатаму, оценуваат експертите.

„Генерално ако се продолжи со оваа динамика, сигурно дека импликациите би биле неповолни и натаму и очекувам да имаме намалувачки тренд.“

Вели професот Славица Роческа.

Натамошно намалување на трговската размена се очекува, бидејќи трговските партнери на Македонија, со кои најмногу тргува , влегоа во рецесија... Македонија најмногу извезува текстилни производи , нафтените масла, железото, виното и фероникелот. А најмногу увезува ,суровата нафта, струја и автомобили.